X
 23.02.2023 Здравје

Половина од светското население ќе има алергии до 2050 година

Бројот на луѓе што имаат алергии драстично ќе се зголеми во следните 30 години. Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека половина од светското население ќе биде алергично на една или на повеќе супстанции дотогаш. Во моментов 10-30 отсто од возрасните имаат алергии. Кај децата процентот е до 40 отсто.

Очекуваниот раст ќе биде последица на повеќе фактори, меѓу кои едни од најголемите се начините на кои хемикалиите во воздухот реагираат со поленот. Други фактори се адитивите во храната, генетиката, но и хигиенските навики. Оливие Мишел, професор и специјалист за алергии, вели дека главна причина за зголемувањето на алергиите е западниот животен стил со опсесијата за хигиена.

- Од раѓањето ние сме хиперзаштитени и ова не го поттикнува развивањето на нашиот имунолошки систем - изјавил Мишел.

Како што објаснува тој, имунолошкиот систем треба да научи да реагира на микроорганизми, паразити и алергени, но во денешниот свет ја намалуваме изложеноста на ризици и ги намалуваме одбранбените способности на имунолошкиот систем. Освен тоа, потоплата клима придонесува за зголемување на сезоната на растење за растенијата што произведуваат полен.

Истражувачите очекуваат зголемување на производството на полен за 40 отсто до 2100 година.

Извор: Travel tomorrow
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје