X
 11.04.2018 Живот

Индијанците се заборавена нација и веќе ги нема ни во филмовите

На денешен ден во 1883 година владата на Соединетите Американски Држави, во рамките на завршната акција на систематското запирање на културното наследство на американските Индијанци, ги забранија сите јазици на индијанските племиња, нивната религија, култура и обичаите.

Современите Индијанци официјално се христијани, но се држат и до домородните верувања. Приватно Индијанците зборуваат на своите јазици, но и на јазиците на колонизаторите - англиски, шпански, португалски, француски или холандски. Најраспространет индијански јазик е кечуанскиот (јазик на старите Инки), кој денес го зборуваат околу десет милиони луѓе.


Не е познато точно колку Индијанци живееле на американскиот континент кога таму пристигнал Христофор Колумбо, но според некои процени биле стотици милиони.

Познатиот холивудски актер Марлон Брандо во 1973 година го бојкотира свеченото доделување на „Оскарите“ кога вторпат требаше да ја добие наградата. Наместо тоа, тој предупреди на стереотипното прикажување на американските Индијанци во холивудските филмови и на телевизија. На доделувањето ја испрати актерката со индијанско потекло од племето Апачи, Сачин Литлфедер, која одржа говор за катастрофалната положба на нејзините сонародници во најмоќната и наводно најдемократската земја во светот - САД. Холивуд го казни Брандо. По „Кум“ тој веќе немаше понуди за поголеми улоги, освен во „Апокалипса денес“ и „Танго во Париз“.

Во повеќе од 4.000 американски филмови Индијанците претежно се прикажани како дивјаци кои ги убиваат бебиња на доселениците. Денес речиси и да нема холивудски филмови за животот на Индијанците.

За мнозинството Американци, Индијанците се заборавена нација, потисната во зафрлените рурални подрачја каде што живеат под прагот на сиромаштијата.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот