X
 25.03.2020 Култура

Сега имате можност онлајн да го следите актерот сер Патрик Стујарт додека го чита Шекспир на „Твитер“

Појавата на коронавирусот им ги промени плановите на мнозинството од нас. Секако, театрите не се исклучок бидејќи и тие ги затворија вратите низ целиот свет. Но, за оние на кои им се потребни драма и Шекспир, актерот сер Патрик Стујарт нуди уникатна можност.

Сер Патрик Стујарт е поранешен член на „Ројал Шекспир компани“ и одлучи да донесе малку радост во животите на луѓето, читајќи еден од класичните сонети на Шекспир. За многумина, гласот на сер Патрик Стујарт е смирувачки, што е нешто што ни е потребно во овие бурни времиња.

Во саботата легендарниот актер сподели видео како го рецитира Сонет 116 од Шекспир.

Што ќе ви е театар кога го имате еден од најпознатите и најпочитувани актери во улога на Шекспир додека седите на вашиот кауч.

Сер Патрик изјави дека е воодушевен од повратната информација, па затоа сподели друго видео, овој пат читајќи го Сонет 1, а наредниот ден сподели и видео на кое го чита Сонет 2. Следете го, затоа што во текот на наредните денови актерот сигурно ќе постави ново видео.
Извор: Bored Panda
Извор: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура