X
 13.04.2016 Колумни

Перверзијата на поединците - мака за многумина

Перверзијата на поединците е проблемот за многумина. Искалувањето  на своите комплекси со кои одредени поединци низ целиот свој живот не можат да се носат прераснува во една чиста перверзност која еден ден од предходно чувана, негувана и полна со целиот јад со којшто истата се храни со тек на време станува проблем за многумина, групи, граѓани, цела нација...


Од ден за ден како студент по право се чувствувам како дух којшто шета низ една сива зграда исполнета со испразнет ентузијазам и неисполнета пракса, пракса на правото како жива материја со која ти како иден правник ќе мора да работиш, да ја обликуваш, да ја растеш, да ја сакаш и да се гордееш со неа.

Во ситуација кога се навраќаш на воведните предавања по одредени предмети и се навраќаш како професорите и асистентите на тие катедри од кои си го црпел знаењето со страст ти објаснувале за култни правници кои создавале во една Европа која била пример за технолошко-научна доминација во Светот, за правници и нивините имиња кои го врежале своето име, а особено своето учење во правната теорија која сите ја следиме и сакаме да ја преточиме во пракса.

Суровата реалност не ти дозволува како иден правник да размислуваш колку можеш да придонесеш во развојот на идеите и теориите на еден Дајси и Мол, луѓе и учења кои биле строго почитувани дури и од најстрашните, најмоќните и најцрните, учењата за владеењето на правото и правната држава се неприкосновени на стариот континент ... или беа...

Ситуацијата е алармантна, перверзијата зема замав и стана мака за многумина, за една цела нација...

Нешто е труло во државата Данска.


Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
 


Подготвил: Емир Демировиќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни