Бројот на часови по поп култура кои се понудени од универзитетите низ целиот свет постојано се зголемува. Студентите денес можат да учат се` - од Бијонсе и Хари Потер, па се` до филмските стилови на Дејвид Линч.
Сега студентите на Универзитетот во Британска Колумбија имаат можност ја учат серијата „Game of thrones“, еден од најголемите успеси на модерната телевизија. Сепак, за да нема никакви спојлери, курсот инсистира оние кои ќе се регистрираат да ги имаат прочитано книгите на Џорџ Р.Р Мартин, врз кои е базирано шоуто.
Користејќи го вистинскиот пишан текст како центар на наставната програма, ова значи дека оние кои не успеале да ги прочитат книгите нема да можат да учествуваат, особено затоа што некои настани кои се случиле во шоуто, не се случиле во книгата, како на пример, силувањето на Санса од Ремзи Болтон.
Курсот започнува на пролет во 2016 година, и се вика „Нашето модерно средновековие: Песна за мраз и оган како совремно средновековие“. Предавањата се одржуваат од вонредниот професор Роберт Русе и ќе се фокусираат на средновековната историја, меѓутоа преку приказната на Џорџ Р.Р. Мартин.
„Курсот ќе ги проучува делата на Џорџ Р.Р. Мартин како централен текст за истражувањето на тоа како средновековието е претставено во нашите сегашни моменти.
Делата на Мартин имаат големо влијание во популарната средновековна замисла, и во голема мера ја заменуваат реалната идеја на средните европски години во умот на поголемиот дел од неговите читатели и гледачи. Како такви, курсот ќе ги разгледува делата на Мартин и за она што тие го кажуваат во моментот, но и за она што тие го кажуваат за нашите идеи во минатото“, вели професорот.
Мартин во моментов ја пишува завршната фаза на неговиот најнов роман, а од Универзитетот се надеваат дека завршувањето на романот ќе се совпадне со започнувањето на курсот.