X
 20.12.2016 Образование

Откријте кој е најзабавниот професор

Пол Андерсен е несекојдневен професор од Бозман, мал град во Монтана, САД, кој е омилен на многу ученици, бидејќи неговите часови се различни.


За време на образованиот процес сите се соочуваат со различни професори – оние кои се забавни, оние кои ни се досадни, строги или пак пријателски настроени. Сепак, ретки се оние кои успеале да ви остават впечаток и ви помогнале во откривањето на вашите интереси.

Таков професор е Пол Андерсен, кој знаењето го пренесува преку видео лекции, игри и истражување. Добитник е на една од најпрестижните награди во САД за наставник на годината во Монтана, а тој несебично гу споделува своите педагошки методи со другите професори. Големата желба да разбуди интерес и истражувачки дух кај учениците, го навела Андерсен да експериментира и да пронаоѓа нови начини за на учениците да им ја објасни наставната програма. Неговите часови се посебни, бидејќи не се одвиваат само во училница. Тој забележал дека учениците имаат одлична концентрација и мотивација кога играат видео игри или гледаат клипови на „Youtube“.По долго размислување тој креирал систем кој му овозможува на секој ученик да се здобива со знаење и со свое темпо да оди чекор по чекор напред низ материјалот.

Започнал да снима кратки епизоди од својата емисија „Bozman science“, која ученикот може да ја погледне неколку пати, а во неа има лекции по биологија, хемија, физика и математика, сите претворени во интересни и смешни приказни.


Неговата емисија е достапна на eduTv – гледањето телевизија може да биде и забавно и едукативно, а учениците секој ден да научат нешто ново.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование