X
 16.02.2016 Образование

За кои професии има работа во Македонија


 
Со какво високо образование може најбрзо или воопшто да најдете работа во нашата земја? Ова е веројатно и едно од најпоставуваните прашања на најмладите, пред одлуката околу изборот на идниот факултет. Со оглед дека понудата и побарувачката на пазарот на труд се променливи и секогаш треба да се размислува чекор напред, добро размилете што ќе изберете да студирате.

Факултети.мк побара листа од Агенцијата за вработување на Македонија со занимањата за кои во моментов има слободни работни места. Оттаму велат дека врз основа на огласените слободни работни места од страна на работодавачите, како и добиените резултати од спроведеното анкетно истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба за вработување на лица од следните занимања со завршено високо (програми до и постдипломско универзитетско образование): Програмер, информатичар, економист (за финансии, за осигурување, за банкарство, за менаџмент), правник , сметководител, систем адманистратор, развивач на софтвер, инженер на софтвер, графички дизајнер, инженер за организацја на производство, градежен инженер, машински инженер, електроинженер, архитект, фармацевтски технолог, инженер-технолог за фармацевтски производи, машински технолог за одржување на процесна опрема, маркетинг агент, агроном за полјоделство.

Покрај дипломата за завршено високо образование, работодавците бараат и други вештини кои мора да ги поседува потенцијалнипот кандидат за вработување. Од Агенцијата за вработување на Македонија информираат дека посебно за пополнување на работните места со високо образование, работодавачите најмногу ја нагласуваат потребата од познавањето на странски јазици, (англиски, германски, италијански), познавање на основни компјутерски апликации (MS Office, Auto Cad),како и стекнати напредни знаења и вештини од областа на информациската технологија (Server administrator, CISCO, Java programmer, Oracle).

- Притоа ја нагласуваат потребата од задолжително поседување на сертификати за стекнатите знаења. Меѓу другите вештини се нагласува и потребата од поседување на вештини како што се комуникациски вештини, тимска работа, флексибилност, организациски спосбности, презентациски спосбности, лидерски способности, способност за донесување на одлуки, професионалност и одговорност и други вештини - велат од АВРМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование