X
 01.06.2016 Економија

Германија бара 655.000 работници

rabota

 

Невработеноста во Германија се намали повеќе од очекуваното во мај, како резултат на зголемувањето на надежите дека најголемата економија во Европа ќе биде во состојба да го прими масовниот прилив на бегалци во земјата.


Вкупниот месечен број на луѓе без работа во сезонски прилагодливи услови падна, известуваат од Федералнат агенција за труд.

Ова се случи и покрај зголемувањето на бегалците кои се пријавија како невработени минатиот месец. Агенцијата за вработување очекуваше поголема добивка кај барателите на азил без работа.

„Севкупно, пазарот на трудот и понатаму се развива позитивно. Вработувањето расте брзо и побарувачката за работна сила се зголемува“, изјави шефот на агенцијата Франк Јирген Вајс.

Бројот на луѓето без работа од таканаречените нации кои бараат азил изнесуваше 145.000 во мај - 9.000 повеќе отколку во април и двојно повеќе од истиот месец минатата година, соопшти агенцијата за труд. Поголемиот дел од кандидатите беа од Сирија, Ирак и Авганистан.

Околу 1.1 милион бегалци пристигнаа во Германија минатата година бегајќи од војната и економската состојба во Африка, Југоисточна Азија и Блискиот Исток. Агенцијата очекува бројот на бегалци да порасне за 15.000 месечно во втората половина на годината.

Сепак, тој рече дека степенот на зголемување ќе зависи од тоа колку брзо претставниците ќе можат да ги обработуваат барањата за азил. Официјалните претставници ги ревидираа проекциите за бројот на невработени лица кои тие ги очекуваа во Германија оваа година.

Ова следуваше после германските напори да го запре протокот на мигранти во Европската унија од турција, заедно со затворањето на таканаречената Балканска рута, која ја користеа многу бегалци како пат кон северна Европа.

Агенцијата за вработување сега очекува уште 100.000 бегалци да се регистрираат како невработени оваа година, во споредба со 2015 година. На почетокот на годината, официјалните лица го проценија бројот на околу 130.000.

Потенцирајќи ги празнините кои се отворија кај германската работна сила и потребата за квалификувани работници, агенцијата објави дека има 655.000 слободни работни места во мај - 98.000 повеќе од април.

Но со 6.1%, стапката на германската невработеност сега изнесува најниско уште од обединувањето на Германија, во октомври 1990 година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија