X
 15.10.2016 Забава

Отворена е првата јавна фонтана со бесплатно вино

2016 година има искупувачка функција : фонтана со вино.

 

Фонтаната со вино се наоѓа во лозјето во Калдари ди Ортона, Италија и низ неа тече црвено локално вино.

 

Освен што е фонатаната достапна нон-стоп, таа е и бесплатна за користење.

 

 

 Фонтаната ќе им нуди освежување на жедните верници кои се движат по улицата Камино ди Сан Томасо.

 

Кога Исус рекол дека ќе ја претвори водата во вином најверојатно мислел токму на вакво нешто.

 

Креаторите сепак истакнуваат дека фонтаната не е место каде што треба да се собираат лица кои ќе го злоупотребуваат тоа што е достапна и бесплатна, ниту пак овој потег е начин за да се привлече вниманието на јавноста.

 

 

 

Фонтаната е проект кој се реализира со непрофитна организација која го одржува патот на верниците и црпи инспирација од слична Шпанска фонтана. Разликата е што во Шпанија користењето на фонтаната не е бесплатно.

 

Иако има повеќе вакви фонтани во Италија, ова е единствената која е бесплатна.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава