X
 09.10.2020 Живот

Нова, добро платена професија: Не е потребна специјализација, но првата задача е расправија

Во Италија се појави нова, добро платена професија - „продавач на своето мислење“ (опинионист). Кога некој ќе ги праша: „Од што живееш?“, овие личности ќе ви речат: „Јас сум опинионист“.

- За некој да може да го продава своето мислење, не треба да биде експерт, ниту техничко лице, не е неопходно да има идеи, важно е да има мислење за сѐ и сешто - вели Вели Волтер Сити, автор на текстот објавен во весникот „Домани“.

Тоа се луѓе со кои водителите на телевизиски програми разговараат за сѐ и сешто, и тие шетаат од еден на друг канал или програма, што значи дека не е неопходна специјализација.

Нивното поле на дејствување се телевизиски спектакли, разни реални шоуа како „Големиот брат“ или попладневни програми во кои се откриваат нови таленти, спортски емисии или вечерни телевизиски озборувања - партиите.

Првата задача на „продавачот на своето мислење“ е да се расправа. Гледаноста на програмите е голема, со оглед на тоа што ги продлабочуваат актуелните теми од општествените случувања.

- Така кај гледачот се создава впечаток дека идеите ништо не решаваат, туку едно мислење важи сѐ додека водителот на програмата не го исклучи микрофонот - вели Волтер Сити.

Извор: 6yka.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот