Во САД има 4.800 колеџи. Нормално било секој од нив да ги прашува кандидатите за студии дали конкурираат на друго место и каде.
Одговорите на идните студенти можеле да се земат предвид при изборот, а факултетите ги користеле за да направат стратегиска селекција меѓу бруцошите кои се најдобри. Добрата вест за идните студенти е тоа што ова повеќе не е дозволено.
Според новиот закон, кој беше претставен на 14 септември годинава, факултетите немаат право да гледаат во финансиските документи на студентите за да видат каде се пријавиле, ниту да ги прашуваат директно.
Но, тоа не значи дека факултетите би се откажале од својата цел. Приказна во „Chronicle of higher education“ од изминатиот месец забележува дека факултетите ширум САД пробуваат нови методи за да „влезат во главите“ на студентите.
Имено, некои факултети забележуваат колкупати студентот ја посетил нивната интернет-страница, а други испраќаат специјални пораки до студентите за да ги примамат.
Исто како што „Амазон“ користи софтвери за следење на корисниците, така и значаен дел од факултетите ги следат кандидатите на интернет, како локација, историја и време поминато на интернет-страницата.
Сè што е потребно е студентот да ја посети интернет-страницата со вклучена електронска адреса, откаде се добива ИП-адресата и факултетите веднаш знаат која е таа личност.
Овој
софтвер веќе бил продаден на најмалку 20 факултети во САД.