X
 29.05.2020 Образование

Колку чини студирањето на правните факултети во САД?

Студирањето во САД е скапо. Според последните податоци, просечната цена на школарината и останатите трошоци на приватните универзитети за академската 2019-20 година изнесувала околу 50.000 долари. На јавните универзитети, цените се движат од 28.046 долари до 41.549 долари.

Кога станува збор за правните факултети, студирањето може да чини и над 70.000 долари. На листата на најскапи правни факултети во САД речиси сите факултети се приватни.


Фото: Pixabay

Универзитети со најскапи правни факултети во САД

Универзитет во Колумбија - 72.465 долари
Универзитет „Њујорк“ - 68.934 долари
Универзитет во Пенсилванија - 67.998 долари
Универзитет „Корнел“ - 67.833 долари
Универзитет „Дјук“ - 67.358 долари
Универзитет во Јужна Калифорнија - 67.191 долари
Универзитет „Харвард“ - 67.081 долари
Северозападен универзитет - 66.806 долари
Универзитет во Чикаго - 66.651 долари
Универзитет во Вирџинија - 66.200 долари

Автор: Стаци Заретски
Извор: abovethelaw.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование