Можеби е изненадување, но плетењето и војната имаат многу повеќе заедничко отколку што мислите. Во многу земји, вклучувајќи ја и Америка, во војните речиси секогаш вклучувале плетење. Порано, жените биле охрабрени да ги поддржуваат војниците од дома плетејќи им чорапи и капи. Сепак, дури и плетењето, кое секогаш се сметало за невино хоби за постарите дами, во текот на војна, станувало многу повеќе од тоа.
Постои долга историја меѓу плетењето и шпионажата. Некои плетеле кодови во ткаенината, додека други го користеле плетењето како покритие. Познато е дека шпионите инкорпорирале тајни пораки во плетењето, килимите и везовите. Постоеле луѓе кои трпеливо плетеле, ја воделе сопствената битка, ставајќи свој печат во војната. Не плетеле само жените - затворениците, пациентите и децата исто така придонесувале во плетењето. Војниците кои биле повредени на воените полиња исто така учеле како да плетат додека биле на болница, што исто така имало терапевтски ефект.
Кога луѓето сакале да пренесат тајна порака преку нивното плетење, тие користеле форма на стеганографија. Тоа значи дека тие инкорпорирале Морзеов код во ткаенината. Плетената облека во основа се прави од комбинации од два шавови - сплетен конец што наликува на латинската буква „v“ и набор што изгледа како хоризонтална линија. Така, користејќи ги овие два вида набори, плетачите работеле на модел што ќе можел да ја пренесе шифрираната порака, што била скриена во обичната облека.
Жените кои плетат била честа глетка, бидејќи тие биле охрабрени да плетат потребни предмети за војниците за време на конфликти. Луѓето кои не сакале да ризикуваат да ставаат кодирани пораки во нивното плетење, го користеле плетењето како покритие. Еден од најпознатите примери била Моли „Мама“ Ринкер од Филаделфија. Во текот на револуционерната војна во САД, британските трупи ги преземале домовите на колониите и природно, луѓето не биле задоволни со ова.
Кога Британците отишле во домот на Моли, тие не им дозволиле на мажите од домаќинството да влезат во трпезаријата - ѝ било дозволено само на Моли да ги служи војниците, и таа ги слушала внимателно нивните разговори. Потоа, таа ќе го напишела она што ќе го слушнела на мало парче хартија, ќе го завиткала околу камен, а потоа ќе го ставела во предиво. Потоа, Моли ќе го земела предивото со себе и ќе седнела на
камен да плете, испуштајќи го камчето од предивото. Кога еден од луѓето на Џорџ Вашингтон ќе поминел, ќе го земел камчето и така ќе дознаел за тајните на британската војска.
Фото: Bored Panda