X
 17.12.2015 Технологија

Зошто ги гледате токму тие реклами на "Facebook"?

Дали некогаш сте се запрашале зошто ги гледате токму тие реклами на „Facebook“? Социјалната мрежа функционира на тој начин што добива информации за своите корисници кои подоцна ги користи за подобро рекламирање.


Имено, мрежата ги распределува рекламите според интересите. Но, што мисли мрежата дека се ваши интереси? Еве брз начин како да проверите.

Одете во „Settings“, а потоа „Ads“.





Потоа одете на „Ads based on my preferences“, и „Edit“.


Следно, притиснете на „Visit ad preferences“.


Тука ќе ги најдете сите интереси кои социјалната мрежа „мисли“ дека ги имате. Со притискање на секој интерес добивате и објаснување зошто ги добивате рекламите.


Добрите вести се тоа што може да се ослободите од сите нив со притискање на „x“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија