X
 31.10.2015 Образование

Земјите кои нудат најповолни услови за студирање

Меѓу младите, Америка и Велика Британија се сметаат за рај за стекнување на високо образование, но факт е дека образованието и во двете земји чини доста многу и повеќето млади луѓе не можат да си овозможат да студираат таму.

И во двете земји постојат голем број можности за стипендирање, меѓутоа конкуренцијата е прилично голема. Затоа ви претставуваме неколку земји кои имаат најповолни услови за продолжување со образованието.

Финска

 

финска

 


Северно-европската земја не наплатува школарина и нуди голем број на универзитетски програми на кои се предава на англиски јазик. Интересно е тоа што финската влада ги потсетува сите оние кои ќе студираат таму дека им ги покрива сите трошоци поврзани со студирањето, но не и „кафето на паузите“.

Франција

 

франција


Француските високообразовни институции нудат најмалку 76 стипендии за студирање на англиски јазик и поголемиот дел на стипендии ги нудат приватните универзитети кои се доста скапи. Секоја трета стипендија за докторски студии е доделена на странски студен. Државните универзитети бараат од студентите платат само мал износ од 200 долари кој се однесува на трошоците за запишување.

Германија

 

германија


Високото образование во Германија се одвива на интернационалните државни факултети кои се одлично рангирани на листата на светски универзитети. Некои од овие универзитети добиваат посебна финансиска поддршка од владата бидејќи се сметаат за одлични институции. За интернационалните студенти ова е еден од првите избори бидејќи сите овие стипендирани програми се на англиски јазик.

Норвешка

 

норвешка


Универзитетите во Норвешка не наплаќаат за школарина за интернационалните студенти. Високото образование во Норвешка е слично на она во Америка. Многу норвешки универзитети нудат програми на англиски јазик, но добро би било да знаете дека Норвешка е една од најскапите земји за живот.

Шведска

 

шведска


Ова е втора скандинавска земја која се наоѓа на листата на најбогати земји во светот и имајќи ја оваа репутација,  Шведска одлучи да основа голем број стипендиски програми за странските студенти. Повеќе од 300 програми на 35 Универзитети се на англиски јазик.

Бразил

 

бразил


Многу студиски програми во Бразил се на англиски јазик, а на државните универзитети цената на студирање е доста ниска. Бразил се наоѓа на листата на 400 најдобри земји за размена на студентите.

Словенија

 

словенија


Дури 150 програми се на англиски јазик, а студентите треба да платат само мал износ за запишување. Словенската граница со Италија и Хрватска ја прави доста атрактивна земја за посета.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование