X
 26.02.2020 Образование

Изложба на Архитектонскиот факултет и Општина Центар - „Училиште во парк“

Четиринаесет архитектонски трудови, изработени од студентите на Архитектонскиот факултет, во соработка со стручните служби во Општината, од вчера се изложени на увид на јавноста во новоотворениот Културно-социјален простор „ЈАДРО“ во Општина Центар.



- Како дел од проектот „Училиште во парк“, студентите по архитектура и стручната општинска администрација изминатиот период изработија идејни архитектонски решенија за таканаречен Центар за деца од претшколска возраст и основно образование. По завршувањето на изложбата, општинска комисија ќе ги разгледа сите предложени проекти и ќе го избере најдоброто решение, кое ќе се изведе кај спортското игралиште „Партизан“, во Градскиот парк - изјавија од Општината.

Проектот за Центарот за деца од претшколска возраст и основно образование вклучува изведба на градинка и основно училиште, со зачувување на постојното спортско игралиште. При изработката на трудовите од страна на авторите беше запазено просторот за најмладите да биде функционален, но истовремено и атрактивен.



Изложбата на трудовите ќе трае до 3 март, во КСП „ЈАДРО“ (Урбана заедница „Дане Крапчев“), прв простор од ваков тип, кој по пат на јавно-приватно партнерство функционира како центар наменет за реализирање на програмите на независната културна сцена, но и на поширокиот граѓански сектор, во кој можат да ги развиваат своите идеи, особено во областа на културата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование