X
 26.05.2024 Живот

Како да се промовирате себеси без да звучите арогантно?

Посочувањето на сопствените вештини и достигнувања е неопходно доколку сакате да напредувате, но ова може да остави и негативен впечаток на другите. Доколку се претставувате како поспособни отколку што навистина сте, може да бидете осудени и да не напредувате. Дали постои начин на кој можете да се промовирате без притоа да звучите арогантно?

Ново истражување покажува дека фокусирањето на сопствениот пат одбран за да се постигне успех прави да изгледате искрени, но и успешни пред другите. Кога луѓето ги опишуваат сопствените искуства, тие откриваат повеќе за нивните вештини и способности. Овие заклучоци се донесени врз основа на анализа на воведните текстови на профилите на „Линкдин“ на неодамнешни дипломци.

Група учесници требало да ги оценат профилите. Кога корисниците на „Линкдин“ ги опишувале своите искуства во воведот, тие најчесто биле оценети како попријатни отколку оние што се фокусирале само на своите резултати. Лицата кои јасно ги споделувале предизвиците најчесто се сметале за поскромни и поспособни за признавање на сопствените силни и лоши страни.

Истражувачите направиле слична анализа и врз основа на претставувања во видео и забележале дека информациите за сопствените искуства го немаат истиот ефект како во пишана форма.

Во пишана комуникација, донесуваме заклучок за лицето само врз основа на зборовите, но кога го гледаме лицето, го проценуваме врз основа на повеќе фактори, како однесување и физички изглед.

Извор: Psychology today
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот