Во Скопје, во луксузниот амбиент на Шато Камник, во присуство на стотина потенцијални купувачи и деловни партнери, беше организирана промоцијата на потполно новото Volvo XC90 –автомобилот кој го претставува врвот на автомобилската иновација и техника.
Во класата на најлуксузните СУВ возила, новото Volvo е со најдобар имиџ и најголема посакуваност, што го потврди и големиот интерес за денешната негова премиера. Многубројните новитети и уникатни карактеристики типични за новото Volvo XC90 демонстрираат дека Швеѓаните успеале во целта да го создадат најатрактивниот, најдраматичниот, најнапредниот, најелегантниот и секако најбезбедниот модерен автомобил на денешницата кој ја најавува иднината на Volvo возилата.
“Интенцијата на МИ-ДА Моторс како осумгодишен застапник на брендот Volvo за македонскиот пазар е неговото ниво на продажба како премиум бренд во автомобилската индустрија да достигне 1%, што согласно високиот квалитет и високите стандарди, несомнено го заслужува.“– истакна Серафим Николов, генерален менаџер на МИ-ДА Моторс.
Со цел поголема достапност на возилото и подобри услови за клиентите во нивната намера да го поседуваат, компанијата МИ-ДА ја промовираше и соработката со Шпаркасе Банка Македонија, С- Лизинг и Винер Осигурување.
„GO4 Платформата на Шпаркасе Банка Македонија, С-Лизинг и Винер Осигурување се проширува и со промоцијата на новиот GO4 Premium пакет кој значи унапредување на понудата со уште поповолни можности за финансирање преку С-лизинг. Со поддршката која ја добиваме од Шпаркасе и Ерсте Групацијата и локалната синергија со Шпаркасе Банка Македонија, креираме понуди согласно барањата на нашите клиенти, што во оваа прилика ја реализиравме за промоцијата на новиот XC 90 на Volvo во Македонија.“ – изјави Марјан Манчев, извршен директор на С- Лизинг.
Свое обраќање пред присутните имаше и сопственикот на МИ-ДА Моторс, господинот Марјан Миновски, кој ја отвори промоцијата.
Волво уште еднаш ја потврди својата лидерска улога на пазарот, своите заложби и приоритет на работење во насока на обезбедување подобар, побезбеден и поедноставен живот за своите корисници, и доследност на своите четири основни начела: безбедност, дизајн, квалитет и заштита на животна средина.