Во седмата година од своето работење Младински совет - Струмица може да се пофали со 100-тина активни волонтери од четирите средни училишта.
Годинава ја започнаа со нов веб-портал, шоу на музички таленти, рекреативни активности и присутност на сите културно-уметнички активности со свои членови.
Со една младешка и позитивна идеја за уште поголемо приближување до јавноста, преку нов видео-проект волонтерите од Младински совет денес ја раскажуваат приказната за нивната организација. Целта им е, како што велат, да бидат запознаени без предрасуди и во вистинското светло, а најмногу да поттикнат приклучување на нови членови.
„Сечии очи гледат различно на една иста слика. Ние овој пат се потрудивме да ви ја дадаме приближно најреалната за нас. Мислевте дека нè познавате нам и нашето функционирање? После изгледаното видео ви подаваме 45 раце, сигурни дека добро сме се запознале. Останува ваше да одлучите дали после 5-минутното онлајн запознавање ќе го зголемите нашето семејство и ќе продолжиме цврсто да се ракуваме за многу идни успешни средби, активности и проекти. Нам ќе ни биде мило“, велат од Младински совет.