X
 30.06.2015 Култура

Генијална хрватска кампања: "Развесели ја мајка ти, врати се дома"

Младите се иселуваат од Македонија, но истата ситуација е присутна секаде низ Балканот.


Една од погодените земји е Хрватска. Се проценува дека во последните две години земјата ја напуштиле повеќе од 40.000 млади, а се предвидува и дека бројот ќе се зголеми поради укинувањето на работните дозволи за Хрватите во Германија.

По отворањето на германскиот пазар, за две години се отвораат и пазарите на трудот во Велика Британија, Австрија, Словенија и Холандија, па се проценува дека Хрватска ќе ја напуштат најмалку 160.000 млади луѓе.


Групата „Адрис“ се труди да ги задржи младите Хрвати во нивната родна земја со усовршувања и тренинзи. Најновото од нив е кампањата која ја преминува границата на нивната земја, а има цел да ги мотивира младите Хрвати да се вратат дома.

Имено, на аеродромите во Минхен, Франкфурт и Даблин се поставени знакови на кои пишува „Развесели ја мајка ти и врати се дома“.

Дали ова ќе има некаков ефект? Останува да видиме.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура