X
 05.11.2015 Образование

Скриениот бизнис кој се развива заедно со онлајн-студиите

Мамењето не е нова работа помеѓу студентите. Ливчиња, слушалки, напишани формули на рака - тоа се некои од веќе добро познатите методи. Но, и мамењето на испит сега се менува.


Образованието сè почесто се поврзува со интернетот. Соодветно, може да најдете и друг метод за мамење во случај на онлајн-полагање. Имено, „Атлантик“ пишува приказна за претприемачите и самостојните работници кои рекламираат услуги создадени за помош на студентите во мамењето на онлајн-испитите.

Овие дигитални измамници може да се изнајмат за да се претставуваат како студенти и да слушаат цели предавања наместо нив. Една од овие „компании“ е таканаречената „No need to study“ (превод од англиски: Учењето е непотребно).

Овие момци и девојки слушаат предавања наместо клиентите и гарантираат добра оцена на крајот за нешто повеќе од 1.000 долари. Тоа значи дека целата диплома би чинела околу 40.000 долари (за 120 кредити).

Земајќи предвид дека сè поголем дел од студентите се одлучуваат да продолжат со студиите на интернет, може да се претпостави дека сервисите како „No need to study“ само ќе се множат.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование