Новата алатка „Microsoft Surface Pen“ нуди одлично искуство во учењето кај децата. Неодамнешно истражување од Норвешка, спонзорирано од „Microsoft“ открива дека учениците учат различно кога користат пенкало или тастатура, а во битката помеѓу алатките за пишување, победи пенкалото.
„Оваа разлика во активноста е доста значајна. Ни кажува дека со користењето на пенкалото мозокот има можност да го процесира учењето на многу поефикасен начин“, вели Одри ван дер Меер, когнитивен невропсихолог и истражувач.
Со користење на високо технолошка мрежа за коса составена од 256 сензори, Ван дер Меер и нејзиниот партнер, невропсихологот Руд ван дер Вил, ја следеле активноста на мозокот на околу 20 студенти додека тие фаќале белешки со тастатура и со „Surface pen“.
Тие открија дека богатото сензорно моторно искуство се чини дека го олеснува
учењето.
Претходните истражувања покажаа дека учениците повеќе сакаат да пишуваат со пенкало или молив отколку пишување на тастатура. Истражување од 2012 година спроведено од Универзитетот во Индијана врз 5 годишни деца открива дека додека пишувањето со молив им помага да го процесираат она што го прават.
„За да читаат и пишуваат за различни цели и низ различни контексти, учениците треба да можат да препознаваат печатено пишување и ракописно пишување“, заклучува истражувањето.