X
 12.11.2021 Образование

Науката не смее да биде на маргините, таа е најважната продуктивна сила на општеството – порака од УКЛО на одбележувањето на Светскиот ден на науката

Комисијата за наука и меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, чиј претседавач е проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, одржа онлајн седница посветена на одбележување на 10 Ноември – Светскиот ден на науката.

На почетокот, проректорот Неделкоски изврши презентацијата на Извештајот за наука на УНЕСКО од 2021 и во обраќањето по повод Светскиот ден на науката, кој се одржува под мото “Building Climate – Ready Communities”, потсети дека науката е меѓу најважните елементи за развојот на секое општество и упати порака дека науката не смее да биде на маргините на општеството, напротив, таа е најважната продуктивна сила на општеството.

2

За жал, податоците покажуваат дека во државава науката константно тоне и издвојувањата за финансирање на науката од државниот буџет опаѓаат од година на година, во 2018 биле 0,36 % од БДП. Ова е спротивно на трендовите во Европската Унија каде што инвестирањето постојано расте и просекот во 2018 бил 2,03 %.
 
Лоша е состојбата со кадарот кој работи во областа на науката. Кај нас во 2018 г. сме имале 799 вработени во секторот наука и научни истражувања на милион жители, додека во повеќето земји членки на ЕУ овој број е над 2.000, а во високоразвиените земји над 5.000. И сите други индикатори се поразителни и што е најлошо - во константно опаѓање.

3

Во рамките на одбележувањето на настанот, посебно место имаа излагањата на професорите од УКЛО: Марина Малиш Саздовска, Факултет за безбедност - Скопје, координатор на ВЕКТОР - првиот проект од програмата на НАТО за наука на УКЛО со осврт кон можностите за научни истражувања преку НАТО-програмата за наука, проф. д-р Илија Јолевски од ФИКТ, кој ги претстави можностите за научни истражувања во соработка со локалната индустрија (искуства и од ИТ Хабот на ФИКТ / проект EMPLOYOUTH), и презентацијата од проф. д-р Даниела Николовска Неделкоска, од Технолошко-техничкиот факултет- Велес, која се осврна кон можностите за подобрување на научнoистражувачките капацитети преку Грантовата шема за иновативни проекти во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

4

Одбележувајќи го 10 Ноември – Светскиoт ден на науката, од УКЛО се потенцираат потребата и нужноста од видливоста на научниците и нивните публикации, нивно објавување во индексираните бази на податоци, креирање профили на мрежите за научници, биографија на веб-страниците на институциите во кои работат, како и профили на другите општествени мрежи.

nauka

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование