X
 25.08.2019 Образование

Поблиску до УКЛО: Педагошки факултет - Битола

Образованието не е подготовка за живот, образованието е самиот живот. (Џон Дјуи)

Сонот на секое дете започнува со учителот кој верува во него, го мотивира, го инспирира и го води напред. Учителот е личност што ја буди радоста и желбата во детската душа за креативно изразување и знаење.

Педагошкиот факултет-Битола е водечка институција за образование на наставници во југо-западниот регион на Република Северна Македонија. Неговата улога и дејност се препознатливи по едукација на кадри за предучилишно, основно и средно образование. Визијата на Педагошкиот факултет-Битола е идните наставници да се стекнат со „знаење за акција“ и професионално да одговорат на сите предизвици на модерното време.

Во таа насока Факултетот нуди различни студиски програми, компатибилни со актуелните европски стандарди за наставнички квалификации. Наставните програми на Педагошкиот факултет-Битола се организирани според Болоњскиот систем на студирање. Матурантите можат да се запишуваат на следниве студиски прогами:

1

1. Воспитувач

2. Наставник за одделенска настава

3. Социјална и рехабилитациска педагогија

4. Англиски јазик и

5. Македонски јазик и книжевност

6. Преведување од македонски на англиски јазик и обратно

7. Информатика и техничко образование

2

За младите луѓе кои се образуваат за работа со деца мошне е важно во каков амбиент се школуваат. Педагошкиот факултет располага со одлична кадровска екипираност и просторно-техничка опременост. Наставно-научната дејност ја извршуваат 20 наставници и бројни стручни соработници од земјава и од странство. На студентите им стојат на располагање солидно опремена библиотека, читална, интернет услги, компјутерска и лингвистичка лабораторија. Голем број студенти доброволно се ангажираат во разни проектни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности.

3

Особено е важно да се спомене дека Педагошкиот факултет има склучено голем број на Еразмус + договори со различни универзитети ширум Европа. Со овие договори студентите имаат можност да добијат стипендија и да реализираат мобилност, односно да престојуваат еден или два семестри на некои од познатите европски универзитети. За наставничката професија, повеќе од било која друга професија, потребно е постојана мотивација и ентузијазам, подготвеност и посветеност. Затоа, слободно може да се каже дека учителската дејност е повеќе од професија, таа претставува мисија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование