Гаокао е тестот за прием на факултет, односно државната матура во Кина. Тестот се смета за најтешкиот на планетата. Овој тест започнал да се полага од 1952, кога бил вклучен за да се намали разликата меѓу сиромашните и богатите ученици во Кина.
Гаокао се полага два дена, а тестот трае 9 часа и покрива повеќе предмети, меѓу кои кинеска книжевност и математика. Приближно 9 милиони матуранти го полагаат тестот за да добијат место од достапните 7 милиони на факултетите.
Во Кина, овој тест е единствена шанса за влез на факултет во земјата. Доколку не поминат добро на тестирањето, тие немаат шанси за добивање факултетска диплома, а со тоа и им се намалуваат шансите за вработување. Поради тоа, учениците учат долго и напорно за да влезат во подобрите 7 милиони. Понекогаш, ова има фатални последици.
Во 2011, ученикот Лу Пин извршил самоубиство со скокање од 6-от кат од студентскиот дом на првиот ден од испитот.
Покрај промените во однесувањето на учениците, тестот влијае и на целите градови. Имено, улиците се затвораат за време на полагањето. Авионите се пренасочуваат, фабриките се затвораат и забрането е да се свири со автомобил. За време на летната олимпијата во 2008, патеката за носење на факелот била пренасочена за да не им се пречи на матурантите кои го полагале тестот.
Тестот бара помнење наместо учење и има лошо влијание на менталната и емотивна состојба на учениците.
Како изгледа сето ова? Проверете во галеријата.