Професор по економетрија на универзитет во САД споделил интересно искуство кое покажува дека дури и професорите прават грешки.
Џозеф Малинс го споделил искуството на „Твитер“ неделава кога ниту еден студент не се појавил на неговото предавање, кое почнувало во 8:15 часот. Седејќи во празната просторија, тој испратил порака до студентите, а две минути подоцна добил одговор.
- Професоре, мислиме дека сте во погрешна просторија - му напишал еден студент.
Професорот потоа ја открил и причината за грешката во објавата на „Твитер“.
- Мојата сопруга сака да споменам дека бев ненаспан бидејќи станав во 4 наутро да играм видеоигра со пријатели од Австралија - напишал тој.
Па, студенти, не грижете се доколку некогаш не сте подготвени за утринското предавање. Тоа им се случува и на професорите.
Извор:
Twitter
Насловна фотографија: Pixabay