Минатата година Фејсбук започна со услугата Nearby Friends која на корисниците им помага да дознаат каде им се наоѓаат пријателите. Малку подоцна стана достапна и можноста за плаќање и испраќање пари преку Messenger.
Исто така, доколку случајно ги избришите содржините од оваа социјална мрежа, тогаш можете да ги вратите. Необично е тоа што голем број луѓе ја користат оваа социјална мрежа, а поголемиот дел од нив не се ни свесни за можностите кои ги нуди оваа социјална мрежа. Ова се само некои од запоставените можности.
Донирање пари за помош на непрофитни организации
Дали сте знаеле дека можете да го искористите Фејсбук да донирате пари на непрофитни организации? На оваа мрежа присутни се огромен број на организации. Има такви кои се борат против ракот, згрижуваат материјално загрозени луѓе, го штитат дивиот свет, се борат против маларијата како и други. Секој кој сака да придонесе за нивната работа, може да ја посети страната на некои од нив, да кликне на копчето More и да избере опција Donate Now.
Во продолжение ќе ви се отвори формулар кој треба да го пополните детално - износот на донација и начинот на исплата. Исто така, доколку некој сака, своите донации може да ги повторува од месец во месец или пак може да се одлучи за еднократна донација.
Враќање на изгубената содржина
Дали некогаш сте имале потреба да ја вратите содржината која некогаш сте ја избришале од вашиот профил? Доволно е да одете во Settings и да кликнете на Download a copy. Потоа кликнете на зеленото копче Start my archive и внесете ја вашата лозинка. Потоа кликнете Submit.
Ќе ви се појави прозорче на кое повторно треба да кликнете Start my archive. Почекајте неколку минути и Фејсбук ќе ви испрати меил со линк кој ќе ве доведе на локација од која можете да ги преземете вашите податоци.
Зачувување на содржината за подоцна
Сигурно не ви е непозната ситуацијата кога ќе ви се појават голем број новости кога одите на вашиот профил. Меѓу објавените содржини има такви кои веднаш сакате да ги прочитате и некои за кои немате време или сакате да ги прочитате подоцна. Опцијата за зачувување, Save се наоѓа во паѓачкото мени кое го добивате откако ќе кликнете на стрелката на самиот пост.
Синхронизирање на календарот на Фејсбук и Гугл
Доколку имате случувања и настани на Гугл, а истовремено имате и многу меморирано на Фејсбук, тогаш овие настани може да се консолидираат и така да имате пристап до сите истовремено. Прво одете на Фејсбук страната Events и пронајдете ги линквоите Upcoming Events и Birthdays (се наоѓаат во долниот десен агол на страната). Со десен клик кликнете на било кој од овие линкови и изберете ја опцијата Copy link address или Copy link location. Сега одете на календарот на Гугл. Лево на страната пронајдете ја опцијата Other calendars, кликнете на стрелката за да ви излезе паѓачкото мени и изберете Add by URL. Залепете го копираниот линк и кликнете Add calendar. Откако копирањето ќе биде завршено, ќе имате истовремено пристап и до едниот и до другиот календар.
Претворување на Фејсбук профилот во Фејсбук страна
Доколку сакате вашиот профил да стане страна, тогаш и тоа е возможно. Префрлувањето на профилот во страна претставува корисно решение кога сакате да ги соберете сите ваши пријатели и следбеници без да започнете од нула.
За да го постигнете ова одете на Profile to page migration. Потоа изберете ја категоријата која ја сакате за вашата нова страна. Изберете поткатегорија и внесте ги потребните информации. На крај кликнете Get started и следете ги прикажаните упатства. Имајте во предвид дека оваа промена е постојана.