X
 30.03.2024 Технологија

Нов софтвер им овозможува на лицата со оштетен вид да изработуваат интерактивни графикони

Сè повеќе алатки им овозможуваат на корисниците да креираат онлајн графикони достапни за слепи или слабовидни лица. Сепак, повеќето алатки бараат визуелна табела, која потоа може да се конвертира во пристапен формат. Ова го спречува создавањето приспособени прикази на податоци и ја ограничува можноста за истражување и анализа на важни информации.

Вчитување податоци

Но, сега истражувачите од МИТ и Универзитетскиот колеџ во Лондон одлучиле да го променат начинот на кој луѓето размислуваат за приказите на достапните податоци. Тие го дизајнирале софтверскиот систем „Умвелт“, што значи „средина“ на германски, што може да им овозможи на слепите и слабовидните корисници да креираат приспособени, мултимодални прикази на податоци, без потреба од првична визуелна табела.

„Умвелт“ вклучува уредувач кој ви овозможува да вчитате база на податоци и да креирате приспособен приказ како дијаграм, кој може да вклучува три модалитети: визуализација, текстуален опис и сонификација, претворање на податоците во звук.

фотоизвор: Umwelt

Системот, кој ќе биде претставен на конференцијата за човечки фактори во компјутерство во Хаваи, може да претставува различни типови податоци и вклучува прелистувач, што му овозможува на слепиот или корисникот со оштетен вид интерактивно да ги истражува приказите на податоци, беспрекорно префрлајќи се помеѓу секој модалитет за интеракција со податоците.

Тактилни сензори


Истражувачите го тестирале системот на разновиден сет од мултимодални прикази, од дијаграми до графикони со повеќе прегледи за да обезбедат ефективно претставување на различни типови податоци. „Умвелт“ се покажал како корисна алатка за креирање, истражување и дискусија за визуализации на податоци, намалување на времето потребно за анализа на податоците и олеснување на комуникацијата со колегите што гледаат.

Истражувачите планираат да создадат верзија на „Умвелт“ со отворен код и сакаат да интегрираат тактилен сензор во софтверскиот систем, за кој велат дека ќе овозможи употреба на алатки како што се тактилни графички дисплеи.

Извор: Bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија