X
 15.06.2018 Култура

На продажба еден од најстрашните градови во светот

Градот Серо Гордо од 19 век опфаќа 120 хектари земја, 22 минерални структури, историски хотел, капела и музеј.

Проценет е на 925 илјади долари, а историски е важен бидејќи во негова близина се наоѓал првиот рудник Сиера Невада, заслужен за економскиот развој на Лос Анџелес.

1

Откако со децении бил во сопствеништво на едно семејство, конечно е огласен за продажба. Според зборовите на семејството, едноставно чувствувале дека е време да се продаде.

- Ова место со децении е заштитено од рудари, ловци на богатство, но и од мајката природа. Направена е реставрација на историски важните објекти, а градот е под заштита - се наведува на веб-страницата на градот.

2

Агентите што се занимаваат со негова продажба се надеваат дека новиот сопственик ќе го почитува историското значење на овој град и добро ќе го чува и одржува како што со децении го правело тоа семејството што досега било сопственик.

Градот бил напуштен во 80-тите години од 19 век, по голем број убиства.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура