X
 09.11.2015 Култура

Зошто во Холандија има толку многу велосипеди?

Иако недела е ден за одмор, обично е ден кога луѓето извршуваат домашни обврски, одат во црква или ги посетуваат роднините.

 

velosiped


Со други зборови, додека повеќето луѓе не патуваат со јавен превоз, тие сепак ги користат своите автомобили. Но ова не важи за Холанѓаните во текот на неколкуте недели во 1973 година. Што и да требаше да прават, Холанѓаните мораат да возат велосипеди, и тоа не по избор.

Иако велосипедите уште од одамна се чест начин на транспорт во Холандија, популарноста на автомобилите започна да расте после војната. За жал, повеќе автомобили значи повеќе сообраќајни несреќи. Повеќе од 3.000 граѓани биле дел од фатални сообраќајни несреќи во 1971 година, од кои 450 биле деца. Нивната трагична смрт предизвикала создавање на националното движење наречено „Stop de Kindermoord“ односно „Стоп за убиството на децата“.

Но дури и со зголемувањето на смртните случаи, сепак тоа не било доволно да се стави крај на користењето на автомобилите; она што конечно го предизвика тоа беше нафтената криза што се случувала во 1973 година, кога Организацијата на арапските земји извознички на нафта прогласија нафтено ембарго. Во обид да ги зачуваат ресурсите, владата на Холандија најави недела без автомобили. Со тоа започна превоз со велосипед и коњи. Децата започнале да возат велосипеди и ролери низ улиците кои претходно биле преполни со автомобили. Луѓето започнале да имаат пикници на автопатите. Голем дел од нив не ги почитувале правилата, такашто уште првиот ден биле одземени околу 239 возила.

Официјалниот мандат бил укинат само неколку месеци подоцна, на 6 јануари 1974 година, но многу луѓе продолжиле да ги користат алтернативните превозни среддства. Со толкава јавна поддршка, движењето, владата и урбанистичките планери започнаа да соработуваат за да ги прилагодат патиштата за велосипедите со што планот бил успешен. Денес, постојат повеќе од 10 милиони велосипеди во Холандија и само 8 милиони автомобили.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура