X
 15.11.2015 Живот

Зошто баш Париз?

Војната во Сирија веќе навлезе и во западниот свет и се шири низ цела Европа. Исламската држава изврши повеќе напади врз западни држави со заложување странски државјани и нивни убиства како метод за пропаганда. Следуваа напади во Париз, Франција, од кои вториот беше на крајот на оваа недела. Во истиот загинале над 120 лица (околу 300 повредени). Државата прогласи вонредна состојба и ги затвори границите, а претседателот Оланд изјави дека нападот го смета како знак за војна.



Зошто токму Франција?

„Вајс“, позната новинарска агенција, смета дека нападот е извршен стратешки. Имено, порано во петокот, САД објави смрт на познатиот убиец Мухамед Емвази од Исламската држава, а потоа групата забележала поголеми воени порази. Овие порази го попречиле патот помеѓу Рака и Мосул, двата урбани центри каде дејствуваат екстремистите од Исламска држава. Овој ден завршил со самоубиствени напади во главниот град во Франција.

Според „Вајс“, нападите се извршени од неколку клучни причини: плашење на народот, одмазда и покажување дека Исламската држава не продолжува да губи. Инаку, Франција е вклучена во војната против Исламската држава заедно со САД и Велика британија, но како помала воена сила. Исламската држава и нејзините поддржувачи на западот тврдат дека нападот во Париз е одговор на француските воени активности во војната против нив.

Дали ваквите напади ќе продолжат?

Исламската држава го повредува западот затоа што може и затоа што на тој начин победува во тој регион. „Вајс“ пишуваат дека ваквите напади ќе продолжат сè додека меѓународната заедница конечно не се посвети на стопирање на конфликтот еднаш засекогаш.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот