Не сите Американци ги жалат жртвите од 9/11 и нивните семејства на 14 годишнината од нападите. Стотици деца кои се запишани на колеџ низ Америка учат дека треба да се сочувствуваат со терористите.
Тоа е така бидејќи нивните професори систематски им го всадуваат верувајќето дека виновна е Америка, и дека таа ја добива заслужената казна поради „империјализмот“ - а студентите се премногу млади за да се сетат или да сфатат што навистина се случило тој ужасен ден.
На курсот наречен „The literature of 9/11“ наставата се фокусира на исламските терористи, наместо на 3.000-те Американци кои биле убиени од нив.
Наставната програма вклучува книги како „Неволен фундаменталист“ и „Поеми од Гватанамо“. Во книгите се портретираат терористите како „борци за слободата“, управувани од неподносливата надворешна политика на Америка.
Дури и Универзитетите со висок ранг како Универзитетот во Северна каролина во Чапел Хил усвои програма за 9/11. Семинарот за нападите од 11 септември ги учи англискиот професор Нил Ахуџа, кој има специјализирано за „постколонијални студии“.
Во неговиот извртен свет, ал Каеда се вистинските жртви. Тој вели дека претставувањето на терористите од 9/11 како „чудовишта“ во Америка, е само обид тие да се претстават како животни.
Група на загрижени ученици од Универзитетот се пожалија дека овој курс, кој исто така се учи и на Универзитетот во Мериленд и други кампуси, се користи за перење на мозокот на студентите.
„Овие материјали нудат гледишта со кои се оправдува тероризмот, ја обојуваат Америка и нејзината влада какао злобна и неморална, и го осквернавуваат споменот на жртвите од терористичките напад на 11 септември“, стои во писмото.
„Никаде не постои текст кој се фокусира на животот на жртвите, семејствата на жртвите, американските војници или семејствата на американските војници. Ниту пак постои гледиште кое го отсликува дејствувањето на Америка с одобра волја, пред, за време и после нападите на 11 септември. Згора на тоа, курсот не ги учи учениците како да мислат, туку им кажува што да мислат“.
Но, она што се случува на овој Универзитет се случува и насекаде. Прикажувањето на терористите во светло на жртви, и на Америка како имперајлистичка нација е стандард. Токму ова се учи на колеџ низ цела Америка.