За жителите на земји кои не членуваат во Европската унија, работата во земја од ЕУ не е лесно достапна како и патувањето во некоја од тие земји. Знаеме дека не е потребна виза за поголемиот дел од земјите во ЕУ за краток престој, но за секоја од нив е потребна работна виза доколку се планира подолг престој.
Како се добива работна виза? Не постои едноставен одговор. За да добиете работна виза потребно е истата да ја побара компанијата кадешто сакате да работите. Самите вие не може да се пријавите за работна виза, пишува на блогот на „Eurojobs“. Компанијата треба да и' докаже на соодветната влада дека не може да најде никој подобар кандидат во ЕУ за таа работна позиција. Откако владата одобри, се добива работна виза.
Земајќи ја предвид големата невработеност во некои земји во ЕУ, големи се шансите дека самите компании може да најдат соодветно лице за секоја работна позиција во својата земја, поради што владите потешко даваат работни визи на лицата надвор од ЕУ.
Следуваат некои линкови до владини интернет-страници кадешто може да се информирате повеќе за работните визи и барањата за истите.
Велика Британија -
https://www.gov.uk/check-uk-visa
Германија -
http://www.auswaertiges-amt.de/EN/EinreiseUndAufenthalt/Visabestimmungen_node.html
Франција -
http://www.diplomatie.gouv.fr/en/coming-to-france/getting-a-visa/article/foreign-nationals-holding-ordinary
Холандија -
http://unitedkingdom.nlembassy.org/passports-visas--consular/visas
Белгија -
http://diplomatie.belgium.be/en/services/travel_to_belgium/
Шпанија -
http://www.exteriores.gob.es/Portal/en/ServiciosAlCiudadano/InformacionParaExtranjeros/Paginas/Inicio.aspx
Португалија -
http://www.sef.pt/portal/V10/EN/aspx/apoiocliente/detalheApoio.aspx?fromIndex=0&id_Linha=4775
Швајцарија (иако не е во ЕУ) -
http://www.eda.admin.ch/eda/en/home/reps/asia/vlka/ref_visinf/visalk.html
Австрија -
http://www.bmeia.gv.at/en/embassy/london/practical-advice/schengen-visa-residence-permits/how-to-apply-for-a-visa.html
Италија -
http://www.esteri.it/visti/index_eng.asp
Полска -
http://www.malopolska.uw.gov.pl/default.aspx?page=Work_permit_for_foreigner_work_in_Poland