Статистичарот Џозеф Фолкмен за „Форбс“ направил анализа на видовите однесувања што им се најважни на работодавците. Тој анализирал податоци од над 100.000 менаџери и нивните оцени врз основа на 60 карактеристики во однесувањето и така се добил поглед во она што ги разликува добрите и лошите менаџери.
Преку податоците, Фолкмен успеал да види кои карактеристики им се најважни на
работодавците во работата на менаџерите. Биле издвоени седум карактеристики:
Фото: Pixabay
Инспирирање и мотивирање на колегите
Една од карактеристиките што ги имаат најдобрите работници е способноста за инспирирање и мотивирање на колегите. Речиси сите менаџери се подготвени да работат напорно за да напредуваат, но не секој може да ги инспирира и мотивира другите да го направат истото, па затоа тоа многу се вреднува од страна на работодавците.
Надминување на целите
Лидерите што се способни да ги поттикнат другите да постигнат повеќе од замисленото се ретки. Повеќето луѓе не се осмелуваат да направат повеќе од целта, но оние што го прават тоа имаат поголема самодоверба и се посигурни во своите способности и во успехот на тимот.
Фото: Pixabay
Насоченост кон стратегијата
Кога вработените не знаат која е стратегијата и целта на фирмата, тие го следат менаџерот, односно нивниот претпоставен. Менаџерите што им помагаат на колегите да ја разберат стратегијата на компанијата им помагаат на сите да работат самостојно.
Интегритет и доверба
Оние менаџери што имале интегритет и биле искрени се многу важни за работодавците. Ним може да им се верува и кога тие ќе кажат дека нешто ќе биде направено, ќе биде така.
Односи со другите
За секој лидер е важно да има способност добро да комуницира и да има добар однос со колегите. Некои лидери сакаат да работат самостојно, но оние најефикасните поттикнуваат соработка со другите.
Фото: Pixabay
Преземање иницијатива
Лидерите што чекаат да им се даде задача секогаш ќе вредат помалку од оние што разбираат што треба да се направи и веднаш се фаќаат за работа.
Водачи во промените
Промената може да биде тешка за вработените и затоа многу менаџери одбегнуваат да менуваат нешто доколку нема итна потреба. Сепак, анализата на Фолкмен покажува дека лидерите што може да препознаат кога има потреба од промена се вреднуваат повеќе отколку другите менаџери. Потребна е храброст да се направат промени кои ќе ја подобрат работата на компанијата.
Автор: Џозеф Фолкмен
Извор:
forbes.com