Компанија нуди работа, а во описот на работното место стои: патуваш по светот и пиеш џин.
Компанијата нуди работа за луѓе кои обожаваат џин, поточно бара ентузијаст кој ќе го прати по светот за да дегустира џин.
Кандидатите треба да се постари од 18 години, да имаат возачка дозвола, одлично да го познаваат англискиот јазик, но услов е и да живеат во Британија.
Тој што ќе ја добие работата ќе мора неделно да посетува една или две европски дестилерии на џин каде ќе присуствува на дегустација на пијалакот, ќе остварува контакти со луѓе и со нив ќе присуствува на настани од сличен тип.
Има и неколку часа канцелариска работа (може да се работи и од дома) - пробување различни видови џин. Месечно вработениот ќе добива гратис пакет џин-тоник. Линкот за аплицирање
ТУКА.