X
 16.11.2015 Образование

МОН го објави конкурсот за стипендии за редовни студенти

Министерството за образование и наука за студиската 2015/2016 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните групи:

а) Прва фупа - 1. 500 стипендии за студенти од социјални категории;

б) Втора група:

- 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8. 50, a за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех;

-125 стипендии (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од та до тековно запишаната студиска година најмалку 9, 00 просечен успех;

в) Трета група - 650 стипендии (620 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природноматематичките, техничкотехнолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од та до тековно запишаната студиска година најмалку 7, 00 просечен успех.

Целосниот конкурс можете да го погледнете овде

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование