X
 03.10.2016 Образование

"Саем за образование во Австралија": Како до стипендија?



Своите програми за десетина дена во Скопје ќе ги претстават: King's Own Institute, Kent Institute, TAFE Western Sydney Institute, Education Centre of Australia, Study Group, Academies Australasia, English Language Company, EduCo and Strathfield College и Southern Cross Education Institute

Регистрирајте се!

Претставници од девет образовни институции од Австралија ќе ги претстават своите програми на 11-ттиот. „Саем за образование во Австралија“ кој на 9 Октомври ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Сите заинтересирани ќе можат да добијат информации за повеќе од 450 институции во Австралија. Настанот традиционално го организира агенцијата „Бриџ Блу Глобал“.



Своите програми за десетина дена во Скопје ќе ги претстават: King's Own Institute, Kent Institute, TAFE Western Sydney Institute, Education Centre of Australia, Study Group, Academies Australasia, English Language Company, EduCo and Strathfield College и Southern Cross Education Institute.

Саша Гроздановски, извршен директор на „Бриџ Блу Глобал“, вели дека настанот веќе 11 години се одржува во Скопје.

- Нудиме можност за директна комуникација помеѓу претставници на австралиски образовни институции и заинтересираните граѓани од Македонија. Сите присутни ќе може лично да се распрашаат и информираат и да добијат информации поврзани со студирањето и животот во Австралија. На семинарот ќе бидат присутни претставници на приватни и на државни институции. Сите заинтересирани ќе можат да добијат темелни одговори и потполни информации за сите детали - како да дојдат до стипендија и да се информираат за сé останато.

Сите институции со кои соработува „Бриџ Блу Глобал“ се акредитирани од страна на австралиската држава. Генерално, државните институции имаат подобро реноме и долгогдишна традиција, но затоа пак изборот на програми кои го нудат приватни институции е огромен и разнолик. - Станува збор за интернационално образование кое е признаено во цел свет. Стекнатите дипломи во Австралија Ви ги отвораат вратите ширум светот. Позади секоја образована институција во Австралија стои самата држава, без разлика дали е домашен или интернационален студент. Акредитацијата е иста за сите домашни студенти и за тие од странство. За квалитетот кој го нуди австралискиот образовен систем, може да се нагласи дека тој е релативно евтин. Далеку поевтин од англискиот или американскиот систем, а е еден од трите водечки едукативни центри во светот. Накусо, нуди многу повеќе отколку што чини - вели Гроздановски.

Австралија е една од ретките земји која на своите студенти им го дава правото легално да работат како студенти додека се на студии и на тој начин да бидат дел од австралиското општество. Наставниот кадар е одлично профилиран, со интернационално искуство, секогаш расположен за директна комуникација и интеракција со своите студенти. Секако и практичниот дел од образованието е она што го прави австралискиот систем уникатен, современ, а воедно многу едноставен за практикување и изучување.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование