X
 16.11.2015 Живот

Сите земји што се борат против ИСИС на една мапа

Откако терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите ширум Париз во петокот во кои загинаа најмалку 129 лица, Франција најави зголемување на нападите над Сирија во соработка со САД. Франција и претходно беше соработник во коалицијата водена од САД против Исламска држава во Ирак и Сирија.


ИСИС, која започна како гранка на Ал Каеда во Ирак за време на окупацијата на САД таму се прошири во Сирија за време на револуција против диктаторот Башар Асад во 2011 година. ИСИС сака да го укине режимот на АСАД и да создаде калифат, теократска исламска држава.

Воздушните сили на САД нападнале над 2.600 цели на ИСИС откако Американците се вклучија во борбата во 2014 година. Австралија, Бахреин, Канада, Франција, Јордан, Саудиска Арабија, Турција и Обединетите Арапски Емирати ѝ помагаат на САД во нападите.

Русија започна да напаѓа кон крајот на септември, но САД ги обвинија Русија поради симпатиите кон режимот на Асад од страна на Владимир Путин. Меѓутоа, двете земји беа дел од дипломатски преговори за да ги координираат силите.

Овие напади беа спроведувани од воздух. Што се однесува до површината, курдските сили се главните кои се борат против ИСИС на земјата. Мапата во продолжение покажува кои земји се борат против ИСИС, додека заканата од тероризмот продолжува да се шири и подалеку од Средниот исток.



Интерактивната мапа најдете ја ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот