OPCW во истрагата што заврши во октомври, заклучи дека силите на сиријската влада се одговорни за нападите во кои е употребен гасот хлор, а дека
Исламската Држава користела иперит, боен отров познат и како „сенф-гас“ заради карактеристичниот мирис.
„Се чини дека една од опасностите со кои мораме да се соочиме и на која мора да дадеме одговор, е фактот дека ИД научи да произведува иперит, и за жал некои од милитантите кои имаат искуство во тоа, се вратија во некои европски држави, за да помогнат во изведување такви напади“, рече Филип Дениер од OPCW на конференцијата за безбедност во Париз.
Западните функционери се сè позагрижени за можноста ИД да ги повика своите милитанти и џихадисти кои се враќаат од Блискиот Исток, за да ги засилат нападите во западните држави.