X
 05.03.2019 Живот

Музички спот за ИД во Шведска предизвика остри реакции

Музички видеоспот кој ги исмева џихадистите и терористичката група „Исламска држава“ предизвика остри реакции во шведската јавност и барања видеото да се забрани. Спотот го прикажа националната телевизиска мрежа СВТ.

Сатиричното видео прикажува шведски државјани кои одлучиле да ѝ се приклучат на ИД, а низ хипхоп-музиката се вметнуваат вистински снимки од терористи и комични стихови кои говорат за наводните причини поради кои Швеѓаните ѝ се приклучуваат на терористичката организација, како што се безжичниот интернет.

СВТ соопшти дека секогаш се отворени за критика, но „доколку општеството не може да поднесе услови за конструктивен дијалог, подобро да го затвориме бојното поле“, истакнуваат оттаму.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот