X
 04.12.2015 Живот

Ирски комичар со отворено писмо до ИСИС

Ирскиот комичар Финчи Кова напиша отворено писмо до Исис, кое стана вистински хит на социјаните мрежи.

 

pismo


Во писмото Финчи ги предупредува терористите да не ни помислат да ја нападнат неговата земја. Тој исто така вели дека нема да толерира никакви престрелки во ирски пабови.

„Доколку било кој паб биде оштетен за време на престрелките за време на вашиот краток престој, тоа ќе го сметаме за акт на војна. И секако, очекувајте голема одмазда и разуздан гнев кон сите оние кои се обидуваат да ги уништат нашите шеми за пиење во време на криза!“

Во продолжение ви го пренесуваме писмото.

Моето отворено писмо до Исис


Како сте момци? Мислам дека не сме се запознале официјално. Финчи тука, од Ирска, ние сме оној англиски остров на запад.

Како сте? Сигурно зафатени. Гледам од плитиките медиуми како сеете страв на социјалните мрежи дека сте имале многу работа.

Извинете што ви досадувам додека сте зафатени со најголемиот фестивал на горење во името на Алан (или како и да се вика) но нешто ми го привлече вниманието изминативе неколку дена, па решив набрзина да разговараме за тоа.

Што е тоа што слушам дека сте не` додале во листата на земји наречена „Глобалната коалиција“ во лудо пропагандно видео со тематика од 80-те? Ајде момци, слезете од коњот со три нозе и вратете си го филмот назад бидејќи мислам дека и тоа како сте ги згрешиле работите.

Најпрво, ние сме тука само за алкохолот. Очигледно е дека нема да учествуваме во битка во која не сакаме да бидеме. Со тоа на ум, дозволете да споделам со вас неколку совети доколку дојдете тука кај нас.

Ве молам немојте да судите според акциите на момците преку езерото. Немојте да ни бомбардирате ништо. Штотуку завршивме со градењето. И, имаме повеќе од една армија. Една официјална армија, а имаме и неофицијални, доста таинствени, мулти талентирани армии со истото име кои се мразат едни меѓу други но имаат нешто заедничко - сите тие се лудаци. Патем, сите неофицијални армии се обучени во герилска војна. Тоа значи дека ви се ближи крајот.

Немојте ни да помислите да го разнесете „Leo Burdocks“! Ова сметајте го за најсериозното преудпредување. Доколку било кој паб биде оштетен за време на престрелките за време на вашиот краток престој, тоа ќе го сметаме за акт на војна. И секако, очекувајте голема одмазда и разуздан гнев кон сите оние кои се обидуваат да ги уништат нашите шеми за пиење во време на криза!

За крај, запомнете ги следниве правила, и се` ќе биде во ред.

1. Баровите кои не служат алкохол затвораат во 10 часот

2. Пишете ми ја адресата на Боно

3. Не бомбардирајте кога има детска претстава

4. Започнете со Леитрим

5. Ако барате девици нема да најдете на Харкорт улицата

6. Земете си Теско клуб картичка. Верувајте ми.

7. Ако сакате да разнесете стадион, одете во Dalymount.

8. Одете на протести за водата, тие не ви судат од каде сте, само дали ќе платите или не.

9. И на крај, ако ве застане питач и ве праша за пари, само погледот надолу и продолжете да одите.

Па, Исис, мило ми беше што се запознавме. Направете си и себеси услуга, а и нас и останете онаму кадешто сте. Не сакате да дојдете овде, нам не ни пречи прашањето што го решавате.

Но ако дојдете, добро ќе ве исплескаме користејќи дрвени лажици.

Вашиот,

Финчи и останатите жители од Ирска

So after the past few weeks of shite that's been floating around on Facebook iv tried to stay out of it. But I can't,...

Posted by Finchie Cova on Thursday, November 26, 2015
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот