X
 17.11.2015 Култура

Уникатните музички патишта

1

 

Јапонскиот инженер Шизуо Шинода, додека копал со булдожер, случајно направил шари со канџите од булдожерот. Подоцна, кога со автомобилот ги поминал шарите сфатил дека вибрацијата во неговиот автомобил произведува мелодија која може да се слушне.


Во 2007 година, тим на инженери од Хокаидо индустрискиот институт за истражување, го усовршиле дизајнот на Шинода и создале неколку „патишта на мелодии“ во Јапонија. Во зависност од тоа колку се одделени браздите и колку се тие длабоки, автомобилите кои се движат по нив произведуваат серии на високи и ниски ноти, овозможувајќи им на дизајнерите да создадат посебна мелодија. Колку се поблиски браздите, толку е повисок звукот. Критичната состојка во миксот е брзината на автомобилот.

 

2


Постојат четири „патишта на мелодиите“ во Јапонија - еден во Хокаидо, Вакајама, Шизоука и Гунма. Сите патишта свират различни песни. Тие се протегаат од 175 до 250 метри. Ако возите пребрзо, ќе звучи како забрзана лента. Доколку возите премногу бавно, ќе има спротивен ефект.

 

Но, првиот музички пат не бил во Јапонија. Тој бил создаден во Гилинг, Данска, од двајца дански уметници, Стин Краруп Јенсен и Јакоб Фројд-Магнус, во октомври 1995 година. Наречен, „Асфалтофон“, улицата била направена од серија на интервали, такашто возилата кои поминуваат преку нив, предизвикуваат вибрации кои произведуваат тонови што се слушаат во внатрешноста на автомобилот.

 

2


Идејата за музички патишта ги привлече голем број инженери во неколку други земји. Во Јужна Кореја постои таканаречен „распеан пат“, кој ја свири песната „Mary had a little lamb“. За разлика од другите музички патишта, патот бил дизајниран да им помогне на возачите да останат внимателни и будни.

 

Во 2008 година Америка го доби првиот мелодичен пат. Друг музички пат се наоѓа во Ново Мексико. Со возењето низ браздите се произведува песната „America the beautiful“. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура