Автономните возила се дел од сегашноста. Некои земји веќе започнаа да го тестираат нивното користење на улиците заедно со останатите автомобили. Тие се сметаат за побезбеден начин на превоз, но очигледно и поевтин.
Според проценките на компанијата „Метромил“, автономните автомобили ќе му заштедат на просечниот возач приближно 1.000 долари годишно. „Метромил“ нуди специјални договори за осигурување за возачите на „Убер“, компанија која сака да ги замени своите модели со автономни возила.
Според моделот за пресметување, некои автомобили може да бидат оштетени од надворешни фактори, поради што осигурувањето би било потребно. Во иднина, автономните возила ќе може да се паркираат во безбедна гаража, но засега тоа не е случајот.
Според проценките на компанијата, просечниот возач ќе заштедува 1.000 долари годишно за осигурување со автономните возила. Освен тоа, осигурувањето ќе станува сè поевтино во иднината со напредокот на технологијата во возилата.