Пазарот на електрични автомобили се шири, но многу се зборува за ефективноста на батериите на овие автомобили. Група истражувачи открија начин како да го продолжат траењето на батериите во електричните возила.
Научници од Универзитетот за наука и технологија во Поханг и Универзитетот „Соганг“ од Јужна Кореја соработувале на изработката на полимерно средство за производство на сигурен аноден материјал кој би ги заменил вообичаените аноди изработени од графит или други материјали.
Средството го минимизира ширењето на волуменот што најчесто ја ограничува работата на батеријата кога е во реакција со литиум.
- Истражувањето има потенцијал значително да ја зголеми енергетската густина на литиум-јонските батерии со користење анодни материјали со висок капацитет, а со тоа го проширува опсегот во возењето на електричните возила - изјавил Суџин Парк, професор на Универзитетот во Поханг.
Притоа, тој посочил дека анодните материјали на база на силикон може да го зголемат траењето на батериите за најмалку десет пати.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay