Не долго пред терористичкиот напад врз Париз, Американскиот институт за економија и мир, го објави својот годишен Глобален индекс на цената на тероризмот во 2014 година.
Во него тврдат дека денес се плаќа највисока цена од 2001 година и нападите на Ал-Каеда нападите врз Њујорк и Вашингтон.
Терористичките напади во 2014 година светот го чинеа 52.9 милијарди долари. Тоа се сите грчки билатерални долгови кон земјите членки во ЕУ заедно. Што е уште полошо, цената расте. По терористичките напади на 11 септември, цената на истиот индекс на Институтот за економија и мир кој следи од 1997 година, била 51.51 милијарди долари.
За да ја одредат цената на тероризмот, Институтот ја собра вредноста на уништениот имот, зградите уништени во самоубиствените бомбашки напади и цените на смртта и ранетите цивили, вклучувајќи ги трошоците за здравствена заштита и изгубени приходи. Не се земаат во предвид трошоците за осигурување, чуварите, поголемите премии за осигурување или финансиската штета од која градовите страдаат после нападите. Економските последици од нападот во Париз, е најлош во последните 10 години во Европа, после нападот во јануари врз редакцијата на Шарли Хебдо.
„Нападот во Франција се чувствува на БДП веќе во овој квартал, погледнете - целиот град е затворен после 48 часа од нападот, проследено со верижна реакција на последиците“, изјави директорот на Институтот за економија и мир, Стив Килеле.
„Ако го зајакнете сигурносниот апарат, посебно во Европа, тоа ќе се почувствува во слободното движење на луѓето и ќе има влијание врз продуктивноста“, додава тој.
Според нивниот извештај, Исламската држава минатата година уби повеќе од 20.000 луѓе во нападите ширум светот. Францускиот претседател Франсоа Оланд ги нарече „најголемата фабрика на терористи со која светот се соочува денес“.
Во последните 20 години, сите големи напади врз европските градови, од Лондон и Мадрид до Париз, се дело на организирани екстримистички групи. Повеќето од загинатите во западните земји помеѓу 2006 и 2014 година, се жртви на неорганизирани поединечни акции во кои биле вклучени поединци, огорчени од политиката на владата кон имигрантите, хомосексуалците, абортусот и така натаму.
Посебно висока цена плаќа пазарот во рзвој кадешто терористичките групи го искористуваат слабото владеење на правото и корупцијата. Блискиот Исток и Северна Африка се најранливите региони - таму терористите минатата година убиле 13.426 луѓе.