X
 27.11.2019 Живот

Тактики што треба да ги избегнувате додека барате работа

Уште од дипломирањето сте во потрага по работа. Веднаш аплицирате на секој оглас дури и малку поврзан со вашата професија.

Им го давате вашето CV на голем број луѓе, со надеж дека еден ден ќе пристигне во вистински раце. И пак ништо.

Што мислите, кој е проблемот и што правите погрешно? Еве неколку грешки.

1. Поминувате 100% од вашето време доставувајќи онлајн-апликации

Кога аплицирате за работа, пред вас е долга патека. Сфатете дека за секоја работа што сакате да ја добиете најмалку еден или двајца ќе најдат како да влезат во таа компанија. И ќе ја искористат таа карта за директно запознавање со работодавците. Дали вие повеќе би сакале да се запознаете во живо или да бидете како останатите 80 луѓе и само да испратите CV преку е-пошта?

Дури и кога аплицирате за работата онлајн, моментот кога ќе притиснете send, одете до Линкдин и видете дали имате некаква поврзаност со таа компанија. Пребарајте, истражувајте. Вашата цел треба да биде лично запознавање со работодавците.

2. Аплицирате за работа што не одговара на вашата професија

Никој од работодавците не знае дали вие сте добри во одредена работа. Кога аплицирате онлајн, доколку вашето резиме не одговара на специфичните потреби за работата, тогаш нема потреба воопшто да испраќате CV.

Доколку очигледно не одговарате на описот, или треба да откриете за да одговарате (стекнување вештини, волонтирање итн.) или да пронајдете друга можност и работа што ќе ви одговара.

3. Очекувањето дека реченицата „Јас навистина брзо учам“ ќе ви донесе работа

Работодавците што одлучуваат дали сте идеални за работното место бараат човек кој веќе знае да си ја работи работата, а не бараат човек кој „учи навистина брзо“.

Наместо да зборувате за тоа колку брзо учите, добро би било да зборувате за вештините и способностите што веќе ги поседувате и кои ќе ве направат добар кандидат за работата. Доколку знаете зошто би биле добри за работата, тогаш на работодавците ќе им биде навистина полесно да одлучат.

4. Давање CV на луѓе што не ги ни познавате


Дали би му предложиле брак на непознат? Секако дека не. Зошто тогаш мислите дека е во ред да им испраќате CV на луѓе што не ги знаете?

Доколку се запознаете со важна личност, пронајдете начини како да изградите добар однос со неа пред да побарате работа.

5. Постојано јавување на работодавците за резултатите


Постои многу тенка линија меѓу „самоуверен, проактивен, професионален“ и „очаен човек кој не престанува да се јавува“.

Наместо да се јавувате постојано, доколку не ви се јавиле за позицијата, едноставно испратете е-порака и прашајте кога ќе излезат резултатите.

Барањето работа не е лесно, меѓутоа, може да се пронајде совршена формула. Доколку ги елиминирате тактиките што не функционираат и ги замените со поефективни алтернативи, работите ќе тргнат на подобро.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот