За многумина работењето во странство е исполнување на соништата: шансата да се доживее нов град, нова култура и авантура. Но, кога станува збор за преселување, целиот процес може да биде тежок поради визите, културните бариери, законските дупки и различните економски услови.
Но, за оние што се решени да го направат тоа, постои една земја која е најдобра кога станува збор за работење во странство: Германија.
Новиот извештај на ХСБЦ во кој учествувале 22.318 странски работници во 163 земји открива дека Германија е најдобра земја за иселениците.
Фото: Getty Images
Зошто баш Германија?
Одличната рамнотежа помеѓу работата и животот (70 отсто изјавиле дека е подобро во Германија) и напредокот во кариерата (65 отсто имале позитивен став). Иако ова не било директно цитирано, ѝ помогнало на Германија да има најсилна економија во Европа. Главниот град Берлин често се нарекува Силициумска долина на Европа поради брзиот раст на стартап-компании.
Меѓу првите пет земји најдобри за работа во странство се Бахреин, Обединетото Кралство, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија. САД се најдоа на осмото место, а иселениците го сметаат за одлично место за отпочнување бизнис и забележуваат дека нуди повеќе можности за
повисоки плати. Тогаш зошто САД не се најдоа на некое повисоко место?
Затоа што 45 отсто од испитаниците сметаат дека работниот живот во САД е постресен, 50 отсто помалку се дружат со колегите и 79 отсто работеле исто или подолго отколку што работеле дома.