Брачното патување, односно медениот месец е патување од кое се очекува многу. Соодветно, локацијата треба да биде интересна и да воодушеви. Денешните дестинации за меден месец се егзотични и скапи, но има и некои интересни понуди кои може да звучат примамливо.
Салцкамергут, Австрија
Местото е опкружено од Алпите, а таму може да видите неколку прекрасни езера. Локацијата е идеална за оние кои сакаат зеленило или снег, шуми и див свет. Во близина се наоѓа Салцбург, кој нуди музеи, културни настани и шопинг.
Санторини, Грција
Ова е вистинска европска класика кога станува збор забрачните патувања. Речиси нема брачен пар кој не го земал предвид ова место. Доколку сакате да избегате од вревата и грижите, ова е место за вас.
Скај, Обединето Кралство
Се работи за остров во Шкотска полн со природа и пејзажи. Местото сè уште не е откриено од туристите, па затоа е совршено за патување. На ова место може да се доживеат сите четири годишни времиња во еден ден, да се ужива во убавина на замоци, да се руча во рибарско село или да се искачува на некоја од карпите.
Бали, Индонезија
Доколку сте за егзотика, топло сонце, песочни плажи и вода, Бали е добар избор. Плажите на Бали се рајски, како и нивното опкружување.
Кругер, Јужноафриканска република
Дали сте за африканско сафари? Ова не е најевтина опција, но таму ќе може да видите слонови, носорози, лавови, леопарди и други диви животни.