X
 19.11.2015 Образование

Професор реши математичка задача стара 156 години

resenie

 

Доктор Опејеми Енох од Сојузниот Универзитет во градот Оје Екити тврди дека ја решил Риемановата хипотеза, една од седумте математички милениумски проблеми, стара преку 150 години. Наградата за решението на овој проблем изнесува милион долари.


Оваа хипотеза била поставена од германскиот математичар Бернхард Риеман во 1859 година, а именувана е како една од милениумските математички проблем од математичкиот институт Клеј. За решението на секој од овие проблеми се нуди награда од милион долари.

„Д-р Енох најпрво ја истражувал и ја потврдил хипотезата, а потоа ги поправил лажните претпоставки на математичарите од претходните генерации. Потоа прикажал како другите проблеми од овој вид можат да бидат формулирани и составил матрица за која Хилберт и Поли предвиделе дека може да понуди решенија за ваквите проблеми.

Математичкиот институт Клеј не ги потврди наводите од Нигерија, бидејќи официјалниот став на Институтот вели дека решението на милениумските проблеми не се коментира се` додека не се потврди.

Енох своето откритие го претстави на 11 ноември на Меѓународната конференција за математика и информатика во Виена. Како што вели, неговиот мотив не биле парите.

„Мотивацијата за работата ја пронајдов во моите студенти, кои веруваа дека можам да дојдам до решението“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование