Неверојатната оптичка илузија на една студентка
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Запознајте ја Даин Јон, 22 годишна студентка од Јужна Кореја со неверојатна уметничка способност. Јон моментално студира уметност на корејскиот национален универзитет.
„Средно заврши во Јевон уметничкото училиште, а подоцна и уметничкото училиште во Сеул, и бев најдобрата ученичка. Овие уметнички училишта се едни од најпрестижните во Кореја“, вели таа.
Јон го користи нејзиниот талент за правење на
оптички илузии на нејзиното лице и вели дека е фасцинирана со човечкото лице што и тоа како ја инспирира да работи. За нејзините дела потребно е да потроши околу 3 до 12 часа.
„Сакам да продолжам со кариерата како уметник кој може да комуницира со публиката и со неа да ја споделам мојата мотивација“, вели таа.
Линк до галеријата.